• недела, 22 декември 2024

Македонци од Швајцарија обезбедија спортска опрема за младинската школа на ФК Љуботен

Македонци од Швајцарија обезбедија спортска опрема за младинската школа на ФК Љуботен

Тетово, 15 февруари 2023 (МИА) - Младите категории на ФК Љуботен од вечерва имаат дополнителна спортска опрема која е обезбедена со ангажирање на дијаспората.

Македонците од повеќе градови кои сега живеат во Швајцарија по иницијатива на тетовскиот пожарникар Игор Симовски собрале пари и купиле топки и маици, кои денеска им се предадени на тренерите од фудбалската школа на Љуботен.

-Огромна благодарност до Македонците во Швајцарија за донацијата на фудбалски топки и маичиња за најмладите членови на ФК Љуботен.  Секоја дополнителна опрема за клубот и децата кои се дел од младинската школа претставува важна алатка во фудбалскиот развој, порачаа од ФК Љуботен.

Со младинските категории во ФК Љуботен работат поранешните познати тетовски фудбалери Среќко Мисајловски и Ивица Радоњиќ. ас/хс/

Остани поврзан