• понеделник, 23 декември 2024

Македонски спортски риболовци од клубот Вардар најдобри на Балканот

Македонски спортски риболовци од клубот Вардар најдобри на Балканот

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) – За првпат во историјата на спортскиот крапски риболов една македонска екипа освои прво место на Балканско првенство (БП).

Станува збор за Балканијадата одржана неодамна на езерото „Мавровица“, кај Свети Николе. 

- Освен од Македонија, како домаќин, учествуваа и натпреварувачки екипи од Србија, Словенија, Бугарија и од Албанија. Се работи за  успешна завршница на 15-от Јадранско-подунавски куп, каде што во лоши временски услови и неизвесна борба докрај, победи екипата на СО2 од ЗСРРК Вардар од Скопје, на чело со капитенот Јован Миловски и натпреварувачите Александар Миловски и Мирослав Савиќ.
Второто место ѝ припадна на екипата Тим Моџо од Бугарија, а третото го освои УСР Шаран од Кикинда (Србија). На оваа екипа ѝ припадна и пехарот за најголема уловена риба, соопшти Македонската риболовна федерација.

Учесниците и натпреварувачите, како и сите оние што беа логистика имаа само пофални зборови за одлично организираниот натпревар, како и за вкупната организација. зс/

Фото: РФМ

Остани поврзан