• понеделник, 23 декември 2024

Македонски Концепт: Поддршка и повик до Владата за енергично справување со криминалните структури во судството и обвинителството

Македонски Концепт: Поддршка и повик до Владата за енергично справување со криминалните структури во судството и обвинителството

Скопје, 13 декември 2024

 

Ги повикуваме надлежните институции и Владата на Република Македонија на поинтензивен и одлучен пристап во разобличување и елиминација на заостанатите криминални структури во судството и обвинителството. Овие структури претставуваат сериозна закана за правдата, довербата на граѓаните и владеењето на правото.

Потребно е итно преземање на конкретни чекори за реформа, транспарентност и враќање на интегритетот во овие витални институции. Единствено со цврста решителност и координиран напор може да се обезбеди праведност и еднаквост пред законот за сите граѓани.

Ги охрабруваме сите чинители во општеството да го поддржат овој процес како дел од заедничката борба за подобра иднина

 

Со почит,

Центар за kомуникации и aнализа на Македонски Концепт

Фото: Македонски Концепт 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан