• недела, 22 декември 2024

Македонски каратисти ќе учествуваат на турнирот „ВАЛОНА 2021“

Македонски каратисти ќе учествуваат на турнирот „ВАЛОНА 2021“
Скопје, 21 август 2021 (МИА) – Почнувајќи од утре па во следните пет дена во Валона, Албанија ќе се одржи меѓународниот карате турнир и семинар „ВАЛОНА 2021“ на кој ќе учествуваат каратисти од повеќе балкански земји како: Албанија, Македонија, Косово, Србија, Романија и БиХ, соопштија од Македонската традиционална карате федерација. Семинарот ќе го водат истакнати балкански карате инструктори предводени од Венцислав, Дејан и Аљоша Недеви. Овој турнир и семинар во традиционално карате е подготвителен пред претстојниот ЕТКФ европски шампионат кој од 22-24 октомври 2021 година ќе се одржи во Белград, Србија. зс/

Остани поврзан