• петок, 22 ноември 2024

Македонските шаховски репрезентации се подготвуваат за Олимпијадата во Будимпешта

Македонските шаховски репрезентации се подготвуваат за Олимпијадата во Будимпешта


Тетово, 8 септември 2024 (МИА) – Од 11 до 22 септември во главниот град на Унгарија, Будимпешта, ќе се одржи 45. Шаховска Олимпијада на која се пријавени 194 репрезентации во машка и 181 селекција во женска конкуренција.
Македонскиот шах ќе биде претставен во двете конкуренции, а машкиот и женскиот репрезентативен табор се подготвува за претстојната Олимпијада во традивционалниот камп во Хотелот Скардус на Шар Планина.
Машката репрезентација е предводена од селекторот Атанас Кизов во состав: Евгени Романов, Никола Николовски, Тони Лазов, Емил Ристески и Антон Златков.
Женската репрезентација е предводена од селекторот Љубиша Андоновски и е во состав: Моника Стојковска, Сања Трајковска, Ивана Манова, Леа Ефтовска и Моника Жежовска.
Покрај селекторите подготовките ги водат и ВМ Евгени Романов и ВМ Петар Арнаудов. ег ФОТО: ШФМ

Остани поврзан