• понеделник, 23 декември 2024

Македонските фудбалерки ќе гостуваат во Грузија

Македонските фудбалерки ќе гостуваат во Грузија

 

Скопје, 21 февруари 2024 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација денеска во Скопје ги почна подготовките за двата претстојни пријателски натпревари против Грузија на гостински терен.

Својот прв натпревар во 2024 година избраничките на селекторот Кирил Изов ќе го одиграат против Грузија во Тбилиси на 25 февруари.

Три денови подоцна двете селекциите ќе го одиграат вториот контролен дуел, и двата со почеток во 15 часот.

Селекторот Изов за дуелите против Грузија повика 22 фудбалерки:

ГОЛМАНИ:

Ведрана Комненова Скопје, Кристина Павлоска Шкендија

ОДБРАНА:

Ана Милчевска Ланчкахути, Грузија, Сара Ефтинџиоска Скопје 2014, Кристина Мојсоска Асс Јунајтед, Едина Сулејмани Асс Јунајтед, Елена Панеска Каменица САСА, Катерина Петкова Истатов 2015, Слаѓана Ѓорѓиева Тиверија

СРЕДЕН РЕД:

Оливера Цоклеска Асс Јунајтед, Радица Велкова Каменица Саса, Хава Мустафа Шкендија, Александра Марковска Љуботен, Билјана Панеска Тиверија, Икмете Лимани Ввеинберг 76, Германија, Наташа Андонова Леванте, Шпанија

НАПАД:

Јилза Максути Асс Јунајтед, Веса Села Асс Јунајтед, Кристина Петрушевска Истатов 2015, Радица Чонева Истатов 2015, Гентијана Рочи Купс, Финска, Мила Панева Скопје. ег ФОТО: ФФМ

Остани поврзан