• четврток, 04 декември 2025

Македонските фудбалерки со бод од гостувањето во Летонија ја завршија Лигата на нации

Македонските фудбалерки со бод од гостувањето во Летонија ја завршија Лигата на нации

 

Рига, 30 мај 2025 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација одигра вечерва во Рига нерешено 1-1 против домаќинот Летонија во својот последен натпревар во рамки на Ц дивизијата во Лигата на нации.

Избраничките на селекторот Александар Андов го освоија првиот со кој останаа на последното место во групата Ц 6, откако претходно претрпеа два порази од Косово, а загубија и од Летонија во Скопје.

Македонија на гостувањето во Рига дојде во предност во 16 минута со голот на Симона Мајер, а домашниот тим преку Олга Шемцова го израмни резултатот во 65 минута.

За македонските фудбалерки ова беше второ учество во Лигата на нации во која сè уште чекаат на премиерната победа. ег

ФОТО: ФФМ

 

Остани поврзан