• понеделник, 24 јуни 2024

Македонските ракометарки ја поминаа групната фаза на Светското првенство У-20

Македонските ракометарки ја поминаа групната фаза на Светското првенство У-20

Скопје, 22 јуни 2024 (МИА) - Македонската репрезентација составена од ракометарки до 20 години обезбедија пласман во главната рунда на Светското првенство кое се игра во Скопје.

Македонките вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ ја совладаа Ангола со 28:24.

Нашата репрезентација групната фаза ја заврши со две победи и еден пораз и се пласира на 2. место во Х-групата.

Покрај Македонија, пласман во осминафиналето оствари и Исланд со максимални три победи.

Во Главната групна фаза, македонските ракометарки ќе играат со Португалија и против Црна Гора. зс/

Остани поврзан