• петок, 05 декември 2025

Македонските ракометарки со пораз ги почнаа евроквалификациите

Македонските ракометарки со пораз ги почнаа евроквалификациите

 

Гумерсбах, 16 октомври 2025 (МИА) – Македонската женска ракометна репрезентација со пораз ги почна квалификациите за пласман на Европското првенство 2026, откако вечерва загуби на гостувањето во Гумерсбах од домаќинот Германија со 34-18.

Германија веќе на самиот почеток со серија од 5-0 дојде до висока предност, која македонските ракометарки успеаја да ја намалат на 9-7 во 23 минута, но до крајот на полувремето домаќинот возврати со нова серија од пет голови за водство од 14-8.

Предноста на Германија континурано растеше во второто полувреме и македонските ракометарки немаа сили да го избегнат првиот пораз во квалификациската Група 3.

Ризоска со осум и Младеновска со четири голови беа најефикасни во македонската репрезентација во која поради повреда отсуствуваше Ристовска.

Македонските ракометарки во второто коло ќе ја пречекаат репрезентација на Словенија, в недела во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. ег

ФОТО: РФМ

Остани поврзан