• петок, 22 ноември 2024

Македонските ракометарки викендов ги стартуваат подготовките за квалификациските дуели со Шпанија

Македонските ракометарки викендов ги стартуваат подготовките за квалификациските дуели со Шпанија

 

Скопје, 23 февруари 2024 (МИА) – Македонската женска сениорска ракометна репрезентација в недела ќе ги почне мини подготовките за двата претстојни натпревари против Шпанија во рамки на квалификациите за Европското првенство 2024.

Дуелите се на програмата на 29. февруари во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и реваншот во Ланзароте на 3. март.

Паралелно со ова, во рамки на ЕХФ неделата, од 11 до 17 март контролни натпревари ќе одиграат машките националните селекции,

Машката сениорска репрезентација ќе биде гостин на селекцијата на Романија, и ќе одигра два натпревари против домаќинот на 15 и 15 идниот месец во Браила како подготовка за бараж натпреварите со селекцијата на Фарски Острови.

Машката јуниорска репрезентација во рамки на подготвителниот период за претстојното ЕП до 20 години ќе биде домаќин на селекција на Хрватска против која ќе одигра два натпревари во Скопје на 15 и 16 март, додека машката кадетска репрезентација во рамки на подготовките за ЕП до 18 години ќе гостува во Црна Гора и со домаќинот ќе одигра контролни дуели на 14 и 15 идниот месец. ег ФОТО: РФМ

Остани поврзан