• недела, 22 декември 2024

Македонските пинг-понгарски клубови го очекуваат продолжувањето на натпреварите

Македонските пинг-понгарски клубови го очекуваат продолжувањето на натпреварите
Скопје, 11 мај 2021 (МИА) - Со подобрувањето на епидемиолошката состојба во државата и во очекување на укинување на одредбата за задолжителен ПЦР тест на натпреварувачите пред секој натпревар, пинг-понгарите го очекуваат продолжението на сезоната. Од Пинг-понгарската федерација на Македонија (ППФМ) веќе го имаат изготвено и скратениот календар во кој приоритет ќе имаат Државните првенства во сите категории и ТОП турнирите на кои ќе учествуваат најдобро рангираните играчи. - Во плановите на федерацијата е учестово на репрезентацијата на меѓународната сцена, балканските првенства во Бугарија и Европското првенство во Полска. ППФМ во својот долгорочен план има зацртано континуирана поддршка на клубовите кои имаат активни школи за млади играчи, и кои постигнуваат забележителни резултати на младинските натпреварувања. Со последната акција со донирање на опрема на клубовите беа опфатени повеќе клубови меѓу кои Берово, Куманово, Пошта 2, Борец Тим и новоформираниот клуб Пелагонија од Битола. Младите играчи се оние кои најмногу го очекуваат продолжувањето на натпреварите, а ППФМ за нив планира и организирање на тренинг кампови, информираат од ППФМ. зс/

Остани поврзан