• понеделник, 25 ноември 2024

Македонските одбојкари ја совладаа Унгарија за трето место во Европската сребрена лига

Македонските одбојкари ја совладаа Унгарија за трето место во Европската сребрена лига
Будимпешта, 19 јуни 2022 (МИА) – Македонската машка сениорска одбојкарска репрезентација го освои третото место сезонава во Европската сребрена лига, откако попладнево во малото финале во Букурешт го совладаа домаќинот Унгарија со 3-2 (25-22, 18-25, 25-15, 19-25,15-7). Македонските одбојкари водеа со 1-0 и 2-1 во сетови, а отпорот на Унгарија, која го претрпе седмиот последователен пораз, го скршија во тај-брејкот со убедливите 15-7 Македонија до победата и третото место во годинешното издание на Европската сребрена лига дојде по 122 минути игра предводена од капитенот Никола Ѓоргиев со 28 поени. Во финалето вечерва во Будимпешта ќе играат Романија и Финска. ег/ар/

Остани поврзан