• недела, 22 декември 2024

Македонските кошаркарки немоќни против Украина во евроквалификациите

Македонските кошаркарки немоќни против Украина во евроквалификациите

 

Скопје, 7 ноември 2024 (МИА) – Македонската женска кошаркарска репрезентација загуби вечерва во Скопје од Украина со 98-49 во рамки на квалификациите за Европското првенство 2025.

За избраничките на селекторот Александар Ашаданов ова е трет пораз во третиот натпревар по кој се последнопласирани во квалификациската група Г.

Најефикасни во македонските редови беа Митрашиновиќ со 17 и Хемпе со 16 поени,

Во следното четврто коло, македонските кошаркарки в недела ја пречекуваат Португалија.

Европското првенство за кошаркарки во 2025 година ќе се одржи во Чешка, Германија, Грција и Италија. ег

ФОТО: КФСМ

Остани поврзан