• понеделник, 23 декември 2024

Македонските кошаркари против Турција ќе го поправаат впечатокот по тешкиот пораз од Шпанија

Македонските кошаркари против Турција ќе го поправаат впечатокот по тешкиот пораз од Шпанија

Гдиња, 14 јули 2024 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години синоќа доживеа тежок пораз од Шпанија со 93:38 во првиот свој настап на Евробаскет 2024 А-дивизија во Полска.

Шпанија која важеше за апсолутен фаворит, доминираше во текот на сите 40 минути.

Шанса да го поправат впечатокот избраниците на селекторот Боро Смилковски ќе имаат вечер за кога е закажан дуелот со Турција. Натпреварот е закажан за 20:30 часот.

Во Ц-групата се наоѓа и селекцијата на Белгија која во 1.коло ја совлада Турција со 64:62. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан