• понеделник, 23 декември 2024

Македонските кошаркари против Словачка ќе имаат поддршка од публиката

Македонските кошаркари против Словачка ќе имаат поддршка од публиката
Скопје, 13 август 2021 (МИА) – Натпреварот од претквалификациите за Мундобаскет 2023, Македонија – Словачка, ќе се игра со присуство на гледачи. Капацитетот на салата во СЦ„ Јане Сандански“, ќе биде ограничен на 30% од максималниот. Дојдете да им дадеме максимална поддршка на момците! – стои во денешното известување на кошаркарската федерација. Одлуката на КФСМ, е во согласност со добиените препораки на државните и здравствените власти. Натпреварот е закажан за утревечер од 19 часот и на него ќе можат да присуствуваат околу 2.000 македонски фанови. Од КФСМ апелираат на стриктно почитување на официјалните здравствени протоколи кои важат на територијата на целата земја. Секој присутен гледач во салата на СЦ „Јане Сандански“, ќе мора да има заштитна маска, и да држи пропишано растојание помеѓу седиштата во салата. Влезот за овој натпревар ќе биде слободен. зс/

Остани поврзан