• сабота, 23 ноември 2024

Македонските кошаркари до 20 години се пласираа во четвртфиналето на ЕП

Македонските кошаркари до 20 години се пласираа во четвртфиналето на ЕП
Тбилиси, 20 јули 2022 (МИА) - Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство Б-дивизија што се одржува во Тблиси, Грузија. Во клучниот меч од групната фаза, машката селекција под 20 години ја совлада Грузија со резултат од 76:73 и го обезбеди своето место во последните осум на турнирот. По 14 реализации на натпреварот има Савиќевиќ и Андоноски, Петов 13, а Петрушевски десет. На страната на Грузија Саларидзе и Тавакарашвили запишаа по 19 поени. ар/цр    

Остани поврзан