• петок, 22 ноември 2024

Македонскиот КИЦ во Тирана промовираше млади сликари од двете земји

Македонскиот КИЦ во Тирана промовираше млади сликари од двете земји

Скопје, 11 март 2023 (МИА) - Во македонскиот Културно-информативен центар во Тирана вчеравечер е отворена заедничка изложба на млади сликари од Албанија и Северна Македонија.

Од Министерството за култура денеска информираа дека на изложбата се претставени дела на една нова генерации уметници - Риза Зибери, Матео Ордев, Ералд Незај, Ренид Тосуни, Самела Балази, Ерисаида Веизај, Беса Мустафаи.

- Независно што сношти беше врнежлива ноќ во Тирана, имаше многубројна млада публика, која возбудено доаѓаше во нашиот КИЦ да ужива во убавините на овие млади уметници. Сликарите се претставија секој со по 3 слики, најмладиот од нив, Матео Ордев има 12 години, изјавил директорот на македонскиот КИЦ во Тирана, Златко Ориѓански.

Најавил дека наскоро во организација на Културно-информативниот центар во Тирана во главниот град на Албанија ќе гостува Битолскиот театар, со што за првпат во историјата на двете земји ќе биде изведена претстава на македонски јазик. бак/

 

Остани поврзан