• сабота, 21 декември 2024

Македонскиот каратист Стојановиќ бронзен на СП до 21 година

Македонскиот каратист Стојановиќ бронзен на СП до 21 година

 

Венеција, 13 октомври 2024 (МИА) – Македонскиот каратист Стефан Стојановиќ го освои денеска бронзениот медал на Светското првенство за кадети, јуниори и младинци кое се одржува во Венеција.

Стојановиќ во категоријата над 84 килограми за каратисти до 21 година во борбата за бронзениот медал беше поуспешен од Германецот Николаи Секот со 3-2.

Македонскиот каратист до бронзата дојде со пресврт, откако противникот водеше со 2-0.

На патот до медалот Стојановиќ забележа победи на Алишер Таижан, (1-0), Константин Ковуров (2-1) и Етан Смол (4-1), а неговата борба за пласман во финалето против Матео Анванзини заврши 3-3, но пласман во финалето обезбеди италијанскиот каратист поради правилото „прв освоен поен“. ег

ФОТО: МКФ

Остани поврзан