• понеделник, 23 декември 2024

Македонскиот баскет тим четвртопласиран на Светската гимназијада во Бахреин

Македонскиот баскет тим четвртопласиран на Светската гимназијада во Бахреин

 

Скопје, 1 ноември 2024 (МИА) – Четврто место во силна конкуренција на 37. кошаркарски репрезентации од светот освои македонскиот средношколски машки баскет-тим на Гимназијадата во Бахреин.

Македонија на Светската гимназијада настапи со селекции во баскет 3×3 во машка и женска конкуренција, а репрезентативна тројка во состав Сергеј Младеновски, Бојан Димитриев и Стефан Стојковиќ, предводени од професорот и ментор, Вјенцислав Рангелов, дојде до самата завршница на турнирот.

Добри игри на овој грандиозен собир на средношколци од целиот свет, прикажа и македонската женска 3×3 селекција во состав: Мила Илијевска, Невена Стефановска, Антонија Тодоровска и Нена Георгиевска, предводена од тренерот Ведран Белешковски, соопшти денеска КФСМ. ег

ФОТО: КФСМ

Остани поврзан