• среда, 25 декември 2024

Македонска Каменица го доби првото доброволно противпожарно друштво

Македонска Каменица го доби првото доброволно противпожарно друштво
Македонска Каменица, 22 мај 2022 (МИА) - Македонска Каменица го доби првото доброволно противпожарно друштво кое ќе го носи називот „САСИ”. Основна цел на друштвото ќе биде помагање при гаснење на пожари и справување на елементарни непогоди, а согласно статутот, ќе функционира како доброволна, хуманитарна и непрофитна граѓанска организација. -Веќе од понеделник ќе објавиме Јавен повик за нови членови, на кој ќе можат да се пријават сите заинтересирани граѓани на Македонска Каменица, без разлика на пол, вера, возраст и национална припадност, истакнаа од од ДПД „САСИ” Македонска Каменица. По завршувањето на јавниот повик, како што додадоам ќе биде извршена обука на кандидатите, како и средби за вмрежување со останатите доброволни противпожарни друштва во регионот и државата. Иницијаторите за формирањето на доброволното противпожарно друштво „Саси" сметаат дека истото ќе биде од особена важност за заедницата, бидејќи ќе обезбеди дополнителна сигурност и логистика при евентуални непогоди и катастрофи. вс/цр

Остани поврзан