• петок, 22 ноември 2024

Македонската футсал репрезентација ослабена против БиХ и Романија

Македонската футсал репрезентација ослабена против БиХ и Романија
Скопје, 7 април 2021 (МИА) - Селекторот на македонската футсал репрезентација Васко Скендеровски се соочува со многу проблеми со отсутни играчи за претстојните два меча во квалификцаиите за Европското првенство. Иван Крстевски поради суспензија ќе го пропушти првиот натпревар, а поради повреди или Ковид-19 ограничувања во составот нема да бидат Александар Глигоров, Даниел Де Соуса, Еркан Сефери, Садат Зибери, Игор Леовски и Адријан Мицевски. Македонските футсалци утре од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ја пречекуваат Босна и Херцеговина, додека на 14 април гостуваат на Романија во Темишвар. За овие две средби Скендеровски ги повика: Голмани: Антонио Петровски (Проект Цико), Иван Стојановски (Шкупи); Одбрана: Реџеп Сулејмани (Шкупи), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Ферид Агуши (Шкупи), Драган Петровиќ (Шкупи), Орхан Ибиши (Приштина), Берат Рамадани (Арбен Бајрами); Напад: Иван Крстевски (Проект Цико), Дарко Ранготов (Проект Цико), Мартин Тодоровски (Проект Цико), Џокица Џо Арсовски (Штутгартер 2020), Јакуп Рамадани (Арбен Бајрами), Петар Даиловски (Велес), Александар Михајлов (Проект Цико), Сами Аљиљи (Велес), Јовица Марковски (Астибо). зс/

Остани поврзан