• сабота, 04 април 2026

Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар со БиХ

Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар со БиХ

Сараево, 4 април 2026 (МИА) – Кон крајот на мај или на почетокот на јуни на стадионот „Асим Ферхатовиќ - Хасе“, македонската фудбалска репрезентација ќе игра пријателски натпревар со Босна и Херцеговина, објавија босанските медиуми.

Ова ќе биде прв натпревар за БиХ на стадионот со капацитет од 30.121 седишта по пријателскиот натпревар против Иран во ноември 2020 година.

Босна и Херцеговина ќе се подготвува за Светското првенство 2026, додека селекторот Гоце Седлоски ќе има убава можност да се увери во формата на своите избраници во пресрет на новите квалификации.

Постои можност „Црвено-жолтите“ по дуелот со БиХ да имаат уште еден контролен натпревар со учесник на Мундијалот 2026.

Од Фудбалска федерација на Македонија се уште не се потврдени овие два натпревара. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан