• понеделник, 23 декември 2024

Македонската фудбалска репрезентација в понеделник ги дознава противниците за мундијалските квалификации

Македонската фудбалска репрезентација в понеделник ги дознава противниците за мундијалските квалификации
Скопје, 6 декември 2020 (МИА) – Жрепката за европските квалификации за пласман на Светското првенство 2022 во Катар ќе се одржи в понеделник, а македонската фудбалска репрезентација извлекувањето на групите го чека од четвртиот „шешир“. Вкупно 55 европски репрезентации ќе бидат поделени во десет групи. Победниците обезбедуваат директен пласман на Мундијалот во Катар, додека десетте второпласирани, како и две репрезентации од Лигата на нации, ќе играат дополнителни квалификации. Поради пандемијата на коронавирус, церемонијата на извлекување на групите, од 18 часот в понеделник во Нион, ќе се одржи виртуелно, без присуство на претставници на националните асоцијации. Од политички причини, во иста квалификациска група не можат да бидат Косово/Босна и Херцеговина, Косово/Србија, Косово/Русија, Украина/Русија, Ерменија/Азербејџан и Гибралтар/Шпанија. Европските мундијалски квалификации ќе се играат од март до декември 2021 година, додека плејофот од 23 до 29 март 2022 година. Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември 2022 година во пет градови, Доха, Лусаил, Ал Кор, Ал Вакра и Ал Рајан. Македонската фудбалска репрезентација жрепката ја чека од четвртата група, во која се и Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија и Луксембург. Група 1: Белгија, Франција, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Хрватска, Данска, Германија, Холандија. Група 2: Швајцарија, Велс, Полска, Шведска, Австрија, Украина, Србија, Турција, Словачка, Романија. Група 3: Русија, Унгарија, Република Ирска, Чешка, Норвешка, Северна Ирска, Исланд, Шкотска, Грција, Финска. Група 5: Ерменија, Кипар, Фарски Острови, Азербејџан, Естонија, Косово, Казахстан, Литванија, Летонија, Андора. Група 6: Малта, Молдавија, Лихтенштајн, Гибралтар, Сан Марино. ег/фф/

Остани поврзан