• среда, 25 декември 2024

Македонската репрезентација во традиционално карате со огромен успех на ЕШ во Римини, Италија

Македонската репрезентација во традиционално карате со огромен успех на ЕШ во Римини, Италија
Скопје, 24 октомври 2022 (МИА) - Македонската репрезентација во традиционално карате постигна голем успех на ЕШ во Римини, Италија освојуваќи пет златни, седум сребрени и три бронзени медали. Во сениорска конкуренција Аљоша Недев освои прво место во кати и второ место во фукуго, Јадранка Недева освои прво место во фукуго и трето место во кати. Во младинска конкуренција Мила Саздова и Димитри Влахо освоија прво место во енбу, Мила Саздова освои второ место во кати и второ место во фукуго, ката тимот во состав Мила Саздова, Мила Младеновска и Марта Димковска освоија второ место. Во категоријата деца 8-9 години Филип Недев освои прво место во кати и второ место во кихон, Камелија Недев во категорија деца 10-11 години освои второ место во кати и второ место во кихон. Марта Димковска во категорија деца 12-13 години освои трето место во кихон. Кај деца 6-7 години во кати прво место освои Максим Поп Трпев, второ место Масимо Меле и трето место Марко Илиевски. Софија Јарчевска и Матеј Мангаровски освоија четврто место во џиу ипон кумите и кихон. ЕШ се одржа на 21, 22 и 23 октомври 2022 година и учествуваа над 500 натпреварувачи од 22 земји. цр/

Остани поврзан