Македонската репрезентација во традиционално карате освои вкупно 54 медали на ИТКФ Светскиот шампионат
- Македонската репрезентација во традиционално освои вкупно 54 медали - 19 златни, 14 сребрени и 21 бронзени медали на 21. ИТКФ светскиот шампионат за ветерани, сениори, младинци, јуниори и кад
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) – Македонската репрезентација во традиционално освои вкупно 54 медали - 19 златни, 14 сребрени и 21 бронзени медали на 21. ИТКФ светскиот шампионат за ветерани, сениори, младинци, јуниори и кадети како и на 1. ИТКФ Светски куп за деца „Хидетака Нишијама“ кој се одржа на викендот во Скопје.
Златни медали освоија:
Аљоша Недев - 1 место во фукуго и кати за сениори - (светски шампион)
Јадранка Недев - 1 место во кати за сениорки - (светски шампион)
Мила Саздова - 1 место во ката, кого кумите и фукуго за младинки - (светски шампион)
Мила Младеновска - 1 место во ката и кого-кумите за кадетки - (светски шампион)
Мила Саздова и Димитри Влахо - 1 место во енбу м/м за младинци- (светски шампион)
Берта Милевска и Бојан Богдановиќ- 1 место во енбу м/м за сениори - (светски шампион)
Марта Димковска - 1 место во кихон за деца 12-13г.
Тиме Крстев - 1 место во кихон ипон за деца 6-7 г.
Филип Недев - 1 место во ката и кихон ипон за деца 8-9 г.
Лука Крстевски - 1 место во кихон за деца 8-9 г.
Ива Димковска - 1 место во џиу ипон кумите за деца 10-11г.
Бране Клепов - 1 место во кихин за деца 10-11г.
Филип Пасков - 1 место во ката и кихон за деца 12-13 г.
Сребрени медали освоија:
Аљоша Недев - 2 место во кого кумите за сениори
Берта Милевска - 2 место во кого-кумите сениорки
Ристо Сакалиев - 2 место во ката за ветерани
Антонија Белазелкоска - 2 место во ката младинки
Димитри Влахо - 2 место во фукуго и кого-кумите за јуниори|
Мила Младеновска - 2 место во фукуго кадетки
Мила Младеновска и Димитри Влахо - 2 место во енбу м/ж за јуниори
Марта Димковска - 2 место во кати и џиу ипон кумуте за деца 12-13г.
Мариастела Топаловска - 2 место во кихон за деца 10-11г.
2 место во ката тим деца 8-9г. (Филип Недев, Лука Крстевски и Дамјан Трајковски)
2 место ката тим деца 6-8г. (Срна Вапски, Ива Спасеновска, Ана Ѓуриќ)
Војдан Паламидовски - 2 место во ката за деца 6-7г.
Бронзени медали освоија:
Јадранка Недева - 3 место во фукуго сениорки
Антонија Белазелкоска - 3 место во фукуго за младинки
Јана Милевска - 3 место во фукуго и кого кумите за младинки
Ристо Сакалиев - 3 место во кумите за ветерани
Кочо Василевски - 3 место во кумите за ветерани
Елена Бичева - 3 место во кумите и кого-кумите за сениорки
Сашо Спасовски - 3 место во кумите за сениори
Наум Јаковлев - 3 место во кумите јуниори
Изабела Пренковска - 3 место во ката деца 12-13г.
Мариастела Топалоска - 3 место во џиу ипон кумите за деца 12-13г.
Бране Клепов - 3 место во џиу ипон кумите за деца 10-11г.
Жика Манасов - 3 место во кихон ипон за деца 8-9 г.
Георги Кокорманов - 3 место во кихон деца 6-7г.
3 место кумите тим сениорки (Мила Саздова, Берта Милевска, Јана Милевска и Елена Бичева)
3 место кумите тим младинки (Мила Саздова, Антонија Белазелкоска, Јана Милевска)
3 место ката тим деца 6-9г. (Ирина Крстевска, Неда Костадиновска, Софиа Топалоска)
3 место ката тим деца 6-7г. (Георги Кокорманов, Војдан Паламидовски, Максим Поп-Трпев)
3 место џ.ипон кумите тим деца 10-11г. (Камелија Недев, Ива Димковска, Марија Ѓуриќ, Софија Јарчевска)
3 место ката тим деца 10-11г. (Ива Димковска, Марија Ѓуриќ, Софија Јарчевска).
ИТКФ светскиот шампионат и куп беше организиран од страна на Македонската традиционална карате федерација. Учествуваа 456 напреварувачи од 44 земји. зс/