Македонската берза дел од кампањата на глобалната иницијатива „Да заѕвониме за родова еднаквост“
- Македонската берза и оваа година се приклучи кон иницијативата „Да заѕвониме за родова еднаквост“ (Ring the bell for gender equality). Мотото за 2026 година е „Права. Правда. Акција, за сите жени и девојки“ (Rights. Justice. Action for all women and girls), со што по повод Меѓународниот ден на жената се повикува на забрзана акција за отстранување на структурните бариери за родова еднаквост. Иницијативата што е поддржана од над 110 други берзи има за цел подигнување на свеста за родовата еднаквост во приватниот сектор, прашањата поврзани со економијата, финансиите и одржливиот развој. По овој повод, денеска, ѕвоното на Македонска берза заеднички го заѕвонија министерката за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска и Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза, соопштија попладнево од Секторот за развој, промоција и односи со јавност.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.