• среда, 27 ноември 2024

„Македонија 2025“ ќе презентира платформа за забрзан економски раст

„Македонија 2025“ ќе презентира платформа за забрзан економски раст

Скопје, 6 март 2024 (МИА) -  Организацијата „Македонија 2025“ денеска во Скопје ќе претстави платформа за постигнување забрзан економски раст, како што најавува, пред релевантни чинители во општеството во пресрет на претстојните избори.

На настанот ќе говорат извршната директорка на Македонија 2025 Никица Мојсовска – Блажевски, заменик претседателот на Одборот на директори на организацијата Васко Кроневски и членовите на Одборот Виктор Мизо, Ѓорѓе Војновиќ, Живко Мукаетов и Боријан Борозанов, a преку видео обраќање и ко-основачот на Македонија 2025 Мајк Зафировски.

Меѓународната невладина организација Македонија 2025 е основана во 2007 година од бизнисмени со македонско потекло. Главна мисија на организацијата е креирање и унапредување на динамична платформа за споделување знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите, во насока на поттикнување на економски развој и одржливост.лв/

Остани поврзан