• петок, 05 декември 2025

Македонија ЃП гостува во Струга, а Башкимин е домаќин на Аресими

Македонија ЃП гостува во Струга, а Башкимин е домаќин на Аресими

Скопје, 9.август 2025 (МИА) - Со денешните два дуела од првата рунда продолжуваат натпреварите од новата сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Повратникот во прволигашката конкуренција Македонија Ѓорче Петров гостува во Струга кај поранешниот првак Струга Трим Лум, додека во Куманово се игра дуелот на двете екипи кои лани беа дел од второлигашката конкуренција Башкими и Аресими.

Почетокот на натпреварите е во 17:30 часот.

Последните два натпревара од стартното коло се играат утре (Тиквеш - Работнички) и понеделник (Силекс - АП Брера Струмица). 

На вчера одиграните дуели беше ефикасно. Во дербито Вардар го совлада Пелистер со 4:1, додека првакот Шкендија беше поуспешна од Шкупи со 5:1.    мн/

Фото: МИА архива

Остани поврзан