• петок, 05 декември 2025

Македонија избори опстанок во ЦЕВ Европската Златна лига

Македонија избори опстанок во ЦЕВ Европската Златна лига

Струмица, 23 јуни 2025 (МИА) – Македонската одбојкарска репрезентација синоќа во Струмица ја совлада Црна Гора со 3:0 (25:20, 25:21, 25:13) и обезбеди опстанок во ЦЕВ Европската Златна лига.

Никола Ѓоргиев и Александар Љафтов ја имаа улогата на лидери во победата на „црвено-жолтите“.

Ѓоргиев натпреварот го заврши со 16 поени, Љафтов имаше 12, додека Филип Савовски стигна до 10.

Македонија настапот во ЦЕВ Европската Златна лига 2025 го завршува на 9. место со две победи во шест натпревари. зс/

Фото: ОФМ

Остани поврзан