• сабота, 21 декември 2024

Македонија денеска ги дознава своите ривали на патот кон Светското првенство во 2026 година

Македонија денеска ги дознава своите ривали на патот кон Светското првенство во 2026 година

Цирих, 13 декември 2024 (МИА) - Фудбалската репрезентација на Македонија денеска ќе ги дознае своите ривали во квалификациите за СП 2026 година во САД, Мексико и Канада. Ждрепката ќе се изврши од 12:00 часот во Цирих.

Светското првенство за две години ќе има рекорден број учесници - 48.

„Црвено-жолтите“ ќе бидат во третата урна заедно со Шкотска, Словенија, Ирска, Албанија, Грузија, Финска, Исланд, Северна Ирска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Израел.

Ќе бидат извлечени 12 групи - од А до Л. Во првите 6 групи ќе има четири, а во останатите шест пет екипи. Вкупно 16 селекции од зоната на УЕФА директно се квалификуваат за Светското првенство во 2026 година. Тоа се победниците од 12-те групи, а останатите четири места ќе бидат одредени во март 2026 година во баражот на УЕФА со 16 екипи. На него ќе учествуваат 12-те второпласирани во квалификациската групна фаза и четири највисоко пласирани победници во групите во Лигата на нации 2024/25, кои не се квалификуваа директно за Светското првенство како победници во групите, ниту пак влегоа во баражоте како победници во групите.

Русија нема да учествува на ждрепката. Ќе има и голем број ограничувања и тимови кои нема да се сретнат меѓу себе поради политички причини. Тоа се Украина и Белорусија, Азербејџан и Ерменија, Србија и Косово, Шпанија и Гибралтар и Босна и Херцеговина со Косово.

Поделба по урни:

Прва урна: Франција, Шпанија, Португалија, Италија, Англија, Швајцарија, Хрватска, Холандија, Данска, Германија, Белгија, Австрија

Втора урна: Украина, Шведска, Турција, Велс, Унгарија, Србија, Полска, Романија, Грција, Словачка, Чешка, Норвешка

Трета урна: Шкотска, Словенија, Ирска, Албанија, Македонија, Грузија, Финска, Исланд, Северна Ирска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Израел;

Четврта урна: Бугарија, Луксембург, Белорусија, Косово, Ерменија, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Фарски Острови, Латвија, Литванија

Петта урна: Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн, Сан Марино. дс

Фото: Архива

Остани поврзан