• недела, 17 ноември 2024

Маж убие три лица во Градачац, БиХ, и изврши самоубиство

Маж убие три лица во Градачац, БиХ, и изврши самоубиство

Сараево, 11 август 2023 (МИА) – Нермин Сулејмановиќ, лицето кое денеска во Градачац со огнено оружје уби три и рани уште три лица, попладнево се самоуби откако беше лоциран од полицијата, непосредно пред да биде лишен од слобода, соопшти полициската управа на кантонот Тузла. 

Сараевската редакција на телевизијата N1 претходно јави дека бодибилдерот Сулејмановиќ со огнено оружје ја убил сопругата и уште најмалку две лица во Градачац, се самоубил. 

Сулејмановиќ на Инстаграм во живо го пренесуваше убиството на сопругата. За време на големата потрага, Сулејмановиќ постојано се појавуваше во живо на Инстаграм и се закануваше дека неговиот крвав пир не е завршен. 

Како што соопшти кантоналната полиција, интензивно трагала по него, а за инцидентот бил известен и кантоналниот обвинител.

Полициските службеници кои биле на лице место ги презеле сите неопходни мерки и дејствија. На терен се испратени екипи на Полициската единица за специјална поддршка. Лицето откако било лоцирано и пред да биде лишено од слобода извршило самоубиство, стои во соопштението на кантоналната полиција од Тузла. сд/

фото:Фејсбук

Остани поврзан