• понеделник, 25 ноември 2024

Маж од Вирџинија со супер-антитела кои го неутрализираат коронавирусот

Маж од Вирџинија со супер-антитела кои го неутрализираат коронавирусот
Ричмонд, 12 март 2021 (МИА) - Менаџерот за комуникации од Универзитетот Џорџ Мејсон во Ферфекс, Вирџинија, 54-годишниот Јохан Холис во јули сфатил дека припаѓа на ретка категорија луѓе чија крв може да им помогне на научниците да го разберат коронавирусот и евентуално да им помогне на луѓето кои ќе се заразат. Тој бил многу изненаден кога дознал дека го победил ковидот, без да знае дека опасниот вирус влегол во неговиот организам. - Крвта на Холис е полна со таканаречени супер-антитела кои го неутрализираат ковидот, дури и кога крвта е разредена 10.000 пати, изјави патологот од универзитетот Џорџ Мејсон, Ленс Лиота, пренесе Ен-Би-Си. паг/

Остани поврзан