• недела, 22 декември 2024

МАЕИ упати честитка по повод новогодишните празници

МАЕИ упати честитка по повод новогодишните празници
Тирана, 1 јануари 2022 (МИА) - Честитка по повод Новата 2022 година до сите Македонци, каде и да се, како и до сите граѓани, упати единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.
- Од мое и во име на партијата среќна Нова 2022 година, со желби пред се за добро здравје, радост, успех  и благостостојба, стои во честитката на лидерот на партијата Васил Стерјовски.
Додава дека зад нас „оставивме една година во која и покрај предизвиците и тешкотиите забележавме заеднички успеси и достигнувања во остварување на нашата кауза“.
-Во 2021 година би издвоил еден настан за кој имам посебно чувство на исполнување, а тоа е мојот говор на пленарната седница од 16 март 2021 година, каде за првпат од собраниската говорница во албанскиот законодавен дом се обратив на македонски јазик, наведува тој.
Стерјовски пратеник беше во минатиот состав на албанскиот законодавен дом и е прв пратеник Македонец кој јавно се изјаснува тоа што е. Неговото обраќање на македонски јазик според  Македонците „тој испишал историја“.
Честитка за среќна Нова година испрати и македонското друштво „Илинден“- Тирана, како и градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски. вт/нд/

Остани поврзан