• недела, 22 декември 2024

Мадрид и Барселона нема да ги олеснат мерките против коронавирусот

Мадрид и Барселона нема да ги олеснат мерките против коронавирусот
 Мадрид, 8 мај 2020 (МИА) - Мадрид и Барселона нема да преминат во  следната фаза од мерките за олабавување на изолацијата во Шпанија, воведени поради епидемијата на коронавирусот, изјави денеска шпанскиот координатор за итни ситуации Фернандо Симон. „Гардијан“ наведува дека  шпанската Влада излезот од изолацијата го спроведува во четири фази, со олеснување на ограничувањата условени од параметри, како што е стапката на зараза. Втората фаза од ублажувањето овозможува отворање на барови, ресторани и места за богослужба, со задолжително ограничување на капацитетот. Ниту мадридскиот регион, ниту Барселона, меѓутоа, не сметаат дека се доволно подготвени да ги олеснат рестриктивните мерки. Во високо населените региони на Мадрид и Каталонија, каде се наоѓа Барселона, има околу половина од потврдените случаи на инфекција во земјата. сд/

Остани поврзан