• сабота, 21 декември 2024

Мадиќ: Внимателно да се следат ризиците за појава на корупција и да се преземет мерки за нивна превенција

Мадиќ: Внимателно да се следат ризиците за појава на корупција и да се преземет мерки за нивна превенција

Скопје, 20 февруари 2024 (МИА) - Заменик министерката за правда во техничката Влада, Викторија Аврамовска Мадиќ се обрати на вториот ден на меѓународната конференција која се одржува во Загреб на тема „Иднината на проширувањето на ЕУ:Правосудство и темелни права“, соопшти Министерството за правда.

Говорејќи за корупцијата, Мадиќ посочи дека ефикасната превенција и борбата против корупцијата подразбира заштита на јавниот интерес и вредностите на демократското општество, а за таа цел и јакнење на интегритетот во институциите.

-Од примарна важност е обезбедувањето на условите за јакнење на интегритетот на човечкиот фактор во судството, јавното обвинителство и јакнење на системот за одговорност и транспарентност, во согласност со принципите на владеење на правото. Оттука, неопходно е внимателно да се следат ризиците за појава на корупција,проактивно да се спроведуваат активности за превенција на корупцијата  и да се реализира бескомпромисна политика на репресија на корупцијата, порача Мадиќ.

Според неа, комплексноста и софистицираноста на современите форми на корупција, развиени како резултат на глобалниот општествен и технолошки развој, нè повикува на градење иновативни стратегии за ефективна правна и институционална рамка за превенција и борба против корупцијата, со вклучување на современи алатки.

Мадиќ посочи дека во Република Северна Македонија воспоставена е сеопфатна правна и институционална рамка за превенција и борба против корупцијата.

Во правната рамка за спречување на корупцијата, како што додаде Мадиќ, во поголем обем се вградени меѓународните стандарди и добри пракси. дма/са/

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан