• петок, 22 ноември 2024

Магдевски повторно ќе го носи дресот на МЗТ Скопје

Магдевски повторно ќе го носи дресот на МЗТ Скопје

Скопје, 30 август 2024 (МИА) - Екипата на МЗТ Скопје Аеродром за следната сезона ќе биде дополнително засилена на плејмејкерската позиција, откако во тимот се врати македонскиот репрезентативец, Андреј Магдевски.

За него ова ќе биде трета епизода во „сино-белиот“ дрес, откако претходно за тимот од Аеродром настапуваше во периодот помеѓу 2018 и 2021 година, а потоа и во 2022 година, кога по неколку месеци му беше дозволено да замине во Холандија. Магдевски со скопскиот тим има освоено две шампионски титули и тоа во 2019 и 2021 година, кога воедно беше избран за најкорисен МВП играч на финалната серија.

Репрезентативниот плејмејкер е десеттиот кошаркар во составот со кој во следната сезона ќе ја брани двојната круна на домашна сцена. Покрај него во тимот засега се Дамјан и Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Марин Петков. Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ, како и интернационалците Брандон Слај (САД), Марко Баковиќ (Хрватска) и Милош Копривица (Србија).

Новата сезона за МЗТ Скопје официјално почнува на 24 септември со домашниот меч против Теодо Тиват во АБА2. дс

Фото: МЗТ Скопје

Остани поврзан