• сабота, 21 декември 2024

МААЕ: Јапонската нуклеарна централа Кашивазаки-Карива направи безбедносни подобрувања

МААЕ: Јапонската нуклеарна централа Кашивазаки-Карива направи безбедносни подобрувања

Тoкио, 2 април 2024 (МИА) - Експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопштија дека јапонската нуклеарна централа Кашивазаки-Карива во префектурата Нигата, северозападно од Токио, е подобро опремена да се соочи со тероризмот по подобрувањето на безбедносните мерки.

Овој заклучок МААЕ го донесе по деветдневна мисија со цел да се процени дали антитерористичките мерки спроведени од операторот на централата „Токио Електрик Пауер Компани Холдингс Инк“ („Tokyo Electric Power Company Holdings Inc“) ги исполнуваат меѓународните стандарди.

Прегледот на безбедносните мерки во нуклеарната централа дојде откако беа откриени низа безбедносни пропусти, што резултираше со двегодишна оперативна забрана која заврши во декември. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан