• среда, 25 декември 2024

ЛШ: Прекинат мечот ПСЖ – Башакшехир

ЛШ: Прекинат мечот ПСЖ – Башакшехир
Париз, 8 декември 2020 (МИА) – Натпреварот од последното коло во Х-групата во Лигата на шампиони меѓу ПСЖ и Башакшехир е прекинат на средина на првото полувреме поради инцидент што се случи на гостинската клупа. Помошникот тренер во гостинскиот состав Пјер Вебо доби црвен картон во 16. минута, а од турскиот тим тврдат дека потоа четвртиот судија упатил навреди на расна основа. Следуваше десетминутна расправија со главниот судија Хатеган од Романија по што фудбалерите на Башакшехир го напуштија теренот. Кратко потоа, кон соблекувалната заминаа и фудбалерите на ПСЖ. ег/зс/

Тагови

Остани поврзан