• недела, 22 декември 2024

ЛШ: Очекувани победи на Манчестер сити и Реал Мадрид

ЛШ: Очекувани победи на Манчестер сити и Реал Мадрид

 

Копенхаген, Лајпциг, 13 февруари 2024 (МИА) – Актуелниот европски првак Манчестер сити во првиот натпревар од осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони очекувано на гостински терен го совлада Копенхаген со 3-1 (2-1), а гостинска победа вечерва забележа и Реал Мадрид над Лајпциг со 1-0 (0-0).

Победата на Манчестер сити на гостувањето во Данска ја донесоа Кевин де Брујн (10 минута), Бернард Силва (45+1) и Фил Фоден (90+2), додека почесниот гол за Копенхаген го постигна Магнус Матсон (34).

Стрелец на единствениот гол на пресметката во Лајпциг беше Брахим Дијаз во 49 минута.

Македонскиот репрезентативец во редовите на Лајпциг, Елиф Елмас, ги одигра завршните 15 минути, откако влезе во игра од клупата за резерви на местото на Дани Олмо.

Во своите први осминафинални дуели утре ќе играат Лацио – Баерн Минхен и ПСЖ – Реал Сосиедад, а идната недела на програмата се пресметките меѓу Интер – Атлетико Мадрид, ПСВ – Борусија Дортмунд, Наполи – Барселона и Порто – Арсенал. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан