• недела, 22 декември 2024

Лула по вторпат опериран за да се спречи нов мозочен удар

Лула по вторпат опериран за да се спречи нов мозочен удар

Бразилија, 12 декември 20924 (МИА) - Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва утринава бил по вторпат опериран за да спречи нов мозочен удар, објави неговиот лекар Роберто Калила.

Според докторот, операцијата била успешна, Лула е буден и е во контакт со лекарскиот тим, пренесе порталот Глобо.

Операцијата траела помалку од еден час и како што објасни Калила, станувало збор за минимално инвазивна медицинска процедура, која нема да влијае на планираното закрепнување на претседателот и неговото излегување од Одделението за интензивна нега.

Лула (79) ноќта меѓу понеделникот и вторникот итно беше опериран поради хематом во главата, што настанал откако во октомври паднал во бањата.

Иако неодамна му беше извршена итна операција, докторот нагласи дека му се зачувани сите невролошки функции.

Лекарите очекуваат Лула да се врати во Бразилија на почетокот на следната недела.сд/

Остани поврзан