• петок, 22 ноември 2024

Лула оди на операција на колкот

Лула оди на операција на колкот

Бразилија, 29 септември 2023 (МИА) - На бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска треба да му биде извршена операција за замена на вештачки колк.

Операцијата привремено ќе ги стопира неговите чести патувања низ светот.

Се очекува Лула (77) да помине неколку дена во болницата Сирио Либанес во Бразилија, пред да се врати во претседателската палата на почетокот на следната недела.

-Операцијата на Лула не треба значително да влијае на процесот на донесување одлуки“ рече Пауло Калмон, професор по политички науки на Универзитетот во Бразилија.

Тој додаде дека Лула најверојатно ќе бара да биде информиран за се што се случува дури и за време на неговото закрепнување. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан