• петок, 22 ноември 2024

Лула да Силва: Владата на Венецуела има авторитарни тенденции

Лула да Силва: Владата на Венецуела има авторитарни тенденции

Бразилија, 16 август 2024 (МИА) - Бразилскиот претседател Инасио Лула да Силва изјави денеска дека верува оти Владата на Венецуела има авторитарни аспирации, но дека администрацијата на претседателот Николас Мадуро нема да ја означи како диктатура.

„Не мислам дека тоа е диктатура. Тоа е влада со авторитарни предрасуди, но не е диктатура како многумина што ги знаеме низ светот“, рече Лула.

Тој го повтори својот повик до Венецуела да ги објави резултатите од гласањето на изборите кои наидоа на широко оспорување, по што Мадуро кон крајот на јули повторно дојде на власт. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан