• петок, 22 ноември 2024

Луксузен стан на врв од зграда на Флорида од 21 милион долари

Луксузен стан на врв од зграда на Флорида од 21 милион долари
Мајами, 13 јануари 2021 (МИА) - Стан, што зафаќа цел кат од кулата „Риц-Карлтон резиденции“ во Мајами, Флорида, САД, чини 21 милион долари и е навистина фантастично, луксузно место за живеење. Таканаречениот „пентхаус“ се наоѓа на претпоследниот кат на кулата, а неговата површина е 721 квадратни метри. Има четири спални соби, мини-барови, шест бањи, една голема просторија, дневна соба, семејна соба, голема кујна со фантастичен поглед, вежбалница, домашно кино и работтна соба. Ѕидовите се направени од стакло и затоа пентхаусот нуди поглед кон целата околина и центарот на Мајами. Дел од станот е надворешна површина од 279 квадратни метри, односно тераси и летна кујна, приватен базен и градина. Дозволата за употреба беше издадена на почетокот на минатата година, а живеалиштето го купи засега неименуван Американец. си/сд/

Остани поврзан