• понеделник, 23 декември 2024

Лукашенко: Белоруските сили во состојба на готовност

Лукашенко: Белоруските сили во состојба на готовност

Минск, 16 мај 2023 (МИА) - Белоруското воздухопловство и противвоздушната одбрана се во состојба на готовност веќе три дена, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Од настанот во Брјанската област пред три дена, кога беа соборени четири авиони, нашите сили се во состојба на готовност“, изјави Лукашенко, пренесува агенцијата Белта.

„Многу често разговараме за безбедноста на земјата, особено за ситуацијата во воздушниот простор. Како што гледам, ситуацијата во моментов не е критична. Сепак, постојат загрижувачки фактори“, додаде белорускиот претседател. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан