• вторник, 17 декември 2024

Лукаревска: СДСМ го нуди најдоброто за секоја општина

Лукаревска: СДСМ го нуди најдоброто за секоја општина
Скопје, 31 август 2021
Маалските средби вечерва продолжија во Карпош каде што заменик - претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев  и кандидатот за градоначалник Душко Весковски се сретна со жителите на Карпош 1 во оваа скопска општина.
Пред присутните Лукаревска посочи дека Карпош е една од најразвиените  општини и пример за домаќинско и одговорно работење,  за што сведочат бројните проекти кои во овие четири години се реализираа преку општинскиот буџет, но и преку поддршка на градската и централната власт.
Преку програмата ТАВ се инвестира во изградба на Мостот Карпош, што ќе ги поврзува Карпош 4 со Волково, во изградба на улицата Партизанска 2, како и во партерно уредување со реконструкција на пешачка зона и платформата на станбено-деловен комплекс - Порта Влае, што почна на 12 август и ќе заврши во ноември 2021.
Во овој дел од градот инвестиравме и во условите за развој на најмалите. Изградена е градинка со капацитет за 78 деца во Бардовци.  Во тек е изградба на градинката Карпош 3, со капацитет од 100 деца. Ја зголемивме енергетската ефикасност во две градинки на територијата на оваа општина, со замена на надворешните прозорци и врати во градинката Мајски цвет и замена на нееколошкиот систем за греење во градинката Пролет, порача Лукаревска.
Осврнувајќи се локалните избори заменик претседателката посочи дека на овие локални избори СДСМ излегува со чесна понуда.
Денес СДСМ со граѓаните, со членството ја комплетираше најдобрата понудата од 69 градоначалници со кои одиме на сигурна победа. Имаме одлична кадровска понуда, одлични програми.  Карпош направи одличен, победнички избор со Душко Весковски.  Само со СДСМ е сигурен локалниот и регионалниот развој, само со СДСМ е сигурен напредокот, истакна Лукаревска на средбата во скопски Карпош.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
_________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан