• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Луис Хамилтон: Мерцедес е побрз од Ферари

Луис Хамилтон: Мерцедес е побрз од Ферари

Маранело, 7 април 2025 (МИА) – Возачот на Ферари, Луис Хамилтон го спореди темпото на Ферари со она на Мерцедес.

Британецот ја забележа супериорноста на болидот на Мерцедес над SF-25 откако заврши на седмото место во Јапонија - зад двајцата пилоти на германскиот тим.

- Болидот на Мерцедес е побрз од нашиот. Тие едноставно имаат повеќе темпо отколку што ние имаме сега. Кога бев зад Кими Антонели, во некои делови од патеката тој беше многу побрз од мене - едноставно не можев да го престигнам. Болидот не можеше да произведе поголема брзина. Мислам дека и да бев пред Мерцедес, веројатно ќе ме престигнеа, изјави Хамилтон.

Во Сузука победи Макс Верстапен од Ред Бул, пред двајцата пилоти на Мекларен, Ландо Норис и оскар Пјастри. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан