Лудогорец паузира во бугарското првенство пред реваншот со Шкендија
- Бугарската фудбалска федерација го прифати барањето на Лудогорец за одложување на прволигашкиот дуел против Берое пред реваншот против Шкендија во плејофот за групната во Лига Европа.
Разград, 22 август 2025 (МИА) – Бугарската фудбалска федерација го прифати барањето на Лудогорец за одложување на прволигашкиот дуел против Берое пред реваншот против Шкендија во плејофот за групната во Лига Европа.
Лудогорец требаше в понеделник да му гостува на Берое во рамки на 6 коло од бугарското првенство.
„Лудогорец има важен реванш натпревар од плејофот на Лигата на Европа против македонската Шкендија на 28 август во Разград, во кој мора да надомести негатива од 1:2 од првиот натпревар синоќа во Скопје за да влезе во групната фаза од Лига Европа“, пренесува денеска агенцијата БТА.
Од својата страна, Шкендија не побара одложување на обврските во домашното првенство и в недела во Тетово ќе го пречека Арсими во рамки на 3 коло пред реваншот против Лудогорец на 28 август во Разград .ег
ФОТО: ЕПА