• вторник, 25 јуни 2024

Лоциран рускиот авион кој исчезна од радарот, во него имало осум лица

Лоциран рускиот авион кој исчезна од радарот, во него имало осум лица
Москва, 3 октомври 2021 (МИА) - Руски авион Ан-12 исчезна од радарот додека летал од Јакутск кон Иркутск, изјави портпаролот на Министерството за вонредни состојби на земјата, додавајќи дека авионот бил лоциран. „Припадниците на противпожарната бригада и спасувачките екипи се на лице место. Авионот се запали“, изјави портпаролот. Како што пренесуваат руските медиуми, во моментот на исчезнувањето во авионот имало осум лица. Се претпоставува дека авионот е во сопственост на белоруската компанија „Гродно“. паг/  
 

Остани поврзан