• петок, 22 ноември 2024

Лоренс: Турк е шокиран и згрозен од изјавата на израелскиот министер Смотрич за изгладнување на жителите на Газа

Лоренс: Турк е шокиран и згрозен од изјавата на израелскиот министер Смотрич за изгладнување на жителите на Газа

Њујорк, 9 август 2024 (МИА) – Џереми Лоренс, портпаролот на високиот претставник на Обединетите нации за човекови права, Волкер Турк, денеска изјави дека високиот претставник на ОН е „шокиран и згрозен“ од коментарите на израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, кои сугерираат дека може да биде „оправдано“ изгладнувањето населението на Газа со цел да се ослободат израелските заложници.

-Тирк најостро ги осудува коментарите на Смотрич, кои поттикнуваат омраза против невините цивили,рече Лоренс на прес-конференција, пишува „Тајмс оф Израел“.

Претходно оваа недела, Смотрич на прес-конференција рече дека „никој нема да дозволи два милиона цивили да умрат од глад, иако тоа би можело да биде оправдано и морално додека не се вратат нашите (израелски) заложници“.

Лоренс оцени дека „гладувањето на цивилите како метод на војување е воено злосторство“.

-Оваа директна и јавна изјава ризикува да поттикне други злосторства. Ваквите изјави, особено од јавни службеници, мора веднаш да престанат, мора да бидат истражени и доколку се утврди дека претставуваат кривично дело, мора да бидат кривично гонети и казнети, рече Лоренс.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан