• недела, 22 декември 2024

Лонзо Бол можеби ќе ја пропушти цела сезона

Лонзо Бол можеби ќе ја пропушти цела сезона

Чикаго, 15 декември 2022 (МИА) – Плејмејкерот на Чикаго булс, Лонзо Бол, би можел да ја пропушти целата сезона 2022/23 поради проблеми со коленото.

Според инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски, во моментов нема „гаранција“ дека Бол ќе игра во актуелната сезона.

Биковите се уште се надеваат дека Лонзо ќе се врати во февруари по Ол-стар натпреварот.

-Многу ќе зависи од тоа каде е Чикаго во тој момент, рече Војнаровски.

Бол пропушти 47 натпревари во последната регуларна сезона во НБА поради повреда на коленото. Во септември тој беше подложен на артроскопско чистење на левото колено, но сепак чувствува непријатност. зс/

Остани поврзан